Ослободување од плаќање комунална такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност за време на вонредна состојба , ваква одлука донесе Советот на општина кочани на вчера одржаната седница. Беше изменета дополнета и Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси, со што за користење на просторот пред деловни простории, до крајот на тековната година субјектите ќе плаќаат 5 наместо досегашните 10 денари за метар квадратен дневно.
Членовите на Советот донесоа одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2020 година во износ од 44 илјади денари, за реализација на програмата Општинско-корисна работа.
Исто така, со решение на Советот се формира Комисија за процена и утврдување на висина на штетите предизвикани од невремето што го зафати Кочани на 10 јуни 2020 година, којашто има за задача да изготви процена и да ја утврди висината на штетите на станбените и на други објекти и согласно законската регулатива. Советот одобри користење на финансиски средства од постојаните резерви во износ од 450 илјади денари за отстранување на последици од елементарни непогоди, епидемии и еколошки катастрофи.
За проблемите предизвикани од невремето и надојдените атмосферски води, најави дека Општината веќе подготвува соодветни градежни интервенции на терен што ќе спречат поплавување, но и мешање на атмосферската со фекалната вода што придонес за оптоварување на Пречистителната станица.