Северна Кореја поставува пропагандни звучници на границата со Јужна Кореја – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/20 9:03 AM

Северна Кореја поставува пропагандни звучници на границата со Јужна Кореја

Северна Кореја заврши со поставувањето 20 моќни пропагандни звучници  во регионите долж меѓукорејската граница, што е половина од бројот на звучници отстранети во рамките на договорот со Јужна Кореја пред две години, соопштија денеска извори од Сеул.

Инсталирањето на звучниците почна во неделата во демилитаризираната зона што ги раздвојува двете Кореи, а што е последна од низата акции кои ја зголемија напнатоста на Корејскиот Полуостров. Оваа акција беше реакција на балоните со брошури против Пјонгјанг што ги испраќаат севернокорејски дезертери и активисти од Јужна Кореја.

Се очекува Северна Кореја да инсталира уште звучници зашто претходно беа 40, наведува јужнокорејската новинска агенција. Преку звучниците Пјонгјанг емитува пораки против Сеул, кој, пак, анализира како да одговори на новиот „предизвик“.