Македонско, наше е: Хит 73-Дваесет години сирења и кашкавали од пазувите на Шар Планина – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/20 7:18 AM

Македонско, наше е: Хит 73-Дваесет години сирења и кашкавали од пазувите на Шар Планина

Сирења и кашкавали, кравји и овчи сите со предзнакот шарпланински се дел од богатиот вкусен асортиман на млечната програма на ХИТ 73.
Производството на сирењата и кашкавалите е од 100% свежо кравјо и овчо млеко кое секојдневно се откупува од над 1000 кооперанти од еколошки незагадениот Полошки регион во пазувите на Шар Планина. Дневниот откуп и преработка на свежо млеко изнесува 50 тони со што Млекарата ХИТ 73 се вбројува како едно од поголемите производствено – преработувачки капацитети во Р. Македонија.
-Сирења се произведуваат од квалитетно кравјо и овчо млеко од Шарпланинско – Полошко планински регион со ком¬бинација на стара традиција, современа технологија и опрема.
– Кашкавали кои му припаѓаат на семејството “pasta filata” и се произведени со месење и растегнување на тазето баскија во топол солен раствор.
Покрај производите добиени од свежо кравјо и овчо млеко се произведуваат и растителни сирење и урда.
Основни факти за Млекара ХИТ 73
Млекарата е сместена во подножјето на Шар Планинa. Основана во 1997 година и е присутна на Македонскиот пазар повеќе од 20 години задоволувајќи ги барањата и потребите на своите потрошувачи. Производите на млекара ХИТ 73 последните години се застапени и на пазарите во регионот.
Уште неколку факти за ХИТ 73
-Од 2009 година во процесот на производство целосно се имплементирани ИСО (Iso) и Хасап (HASSAP) стандардите за производство на храна.
– Во 2015 година е добиена лиценца „А“ категорија за производство на млечни производи.
-Во 2016 година е добиен Халал (Halal) сертификат со што се признава квалитетот, стандардите и условите за производство, како и долгогодишните вложување во најсовремени технологии и технолошки процеси од страна на сопствениците на компанијата.
Работењето во услови на ковид 19 дефинитивно е отежнато. Од раководството на млекарата велат дека реагирале бргу на променетите услови на работење и успешно се справуваат е со предизвикот. Зголемени се постапките и процесите за дезинфекција, како во производните капацитети, во административната зграда, како и кај сите возила кои излегуваат и влегуваат во капацитетите.
Работата е поделена во тимови, со цел што е можно поголема заштита и намалување на степенот на ризик кај вработените.

Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.