Саудиска Арабија годинава на аџилак нема да прима верници од странство – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/20 6:54 AM

Саудиска Арабија годинава на аџилак нема да прима верници од странство

Саудиска Арабија соопшти дека овогодишниот аџилак поради пандемијата на Ковид-19 ќе гo ограничи само на оние кои се наоѓаат во земјата и дека нема да ги прима верниците од странство, јавува агенцијата Анадолија.

Во соопштението на Министерството за аџилак и умра на Саудиска Арабија, се наведува дека епидемијата на Ковид-19 се проширила на повеќе од 180 земји од светот и дека од последиците на вирусот се заразени повеќе од седум милион лица, додека околу половина милион луѓе починале од последиците на вирусот.

Тие потсетуваат дека и понатаму не постои вакцина ниту лек кои луѓето ќе ги штитат од вируост и дека вирусот брзо се шири во средините во кои е тешко да се одржува социјална дистанца.

Соопштено е и дека претходно, со цел да се заштитат луѓето, се суспендирани обредите на умра, кое го поздравија сите исламски земји.

Во продолжение се наведува дека оваа година со цел заштита на здравјето на муслиманите, Саудиска Арабија нема да ги примаат идните аџии од странство.

„Министерството за аџилак и умра, поради тоа што епидемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и значително се зголемува бројот на заразените на глобално ниво, како и фактите дека средините со голем број на луѓе и со меѓународен транспорт го зголемуваат ризикот, овогодишниот обред на аџилак ќе се ограничи на оние кои престојуваат во земјата“, се вели во соопштението.

Министерството за здравство на Саудиска Арабија претходно соопшти дека во таа земја од последиците на вирусот починале 1.267 лица, додека заразени се 157.612 жители.