Полог губи по 700 милиони евра со недоаѓањето на дијаспората за време на летото и годишните одмори. Барањето од страна на албанските политичари во олабавувањето на здравствените мерки и укинувањето на 14-дневниот карантин, како услов за влез во државата, основата ја има во економијата и секако парите. Економистот Висар Адеми анализира дека во Полог само од свадби за една сезона (во текот на летото) влегуваат 250 милиони евра приход за деловните активности во земјата. Потоа, околу 300 милиони дијаспората, исто така, инвестира во градежништвото, што го прави градежниот сектор многу важен.
Околу 100.000 иселеници, кои доаѓаат во посета на татковината, трошат минимум околу 1.000 евра во 10 дена престој во земјата, што е уште 100 милиони изгубен приход.
Односно, Полог и бизнисите таму, заради евентуално недоаѓање на дијаспората, губат околу 700 милиони евра ненаплатени приходи само за една сезона, вообичаено по еден месец во текот на летото.
-Нема да ја продолжам понатаму со прогнози за во зимската сезона, кога општините во Полог можат слободно да прогласат економски стечај и да ги затворат општините, оценува Адеми.
Лајм