Се најавуваат протести во Атина и во Преспа против договорот – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/18 1:09 PM

Се најавуваат протести во Атина и во Преспа против договорот

 

На денот кога Македонија и Грција ќе го потпишат договорот во Преспа, а веројатно тоа ќе биде в сабота, таму ќе се одржи протест, но истовремено  ќе се протестира и во Атина. Ова денеска преку социјалните мрежи го најави Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија.

– Ако Ципрас се обиде да оди во Преспа, онаму каде што се светите останки на Павлос Мелас и на останатите Македономахи што ги дадоа нивните животи за слободата на татковината, соопштуваме дека ќе бидеме таму, десетици илјади за да не дозволиме да се потпише договорот – соопшти Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија, кој ги повика да се придружат, а пратениците да си дадат оставка од нивните пратенички места.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, по информацијата дека веројатно в петок, во грчкиот Парламент ќе се одржи расправа за постигнатиот договор, организаторите на протестите повикуваат на собир на атинскиот плоштад Ситагма, во исто време додека пратениците дискутираат за содржината на договорот.