Искусниот белгиски дефанзивец, Јан Вертонген, успеа да се договори со Тотенхем за продолжување на неговиот договор до завршувањето на сезоната 2019/20. Вертонген, своевремено и капитен на тимот, се етаблираше како еден од најконзистентните играчи во Премиер Лигата, откако од Ајакс во 2013 година премина во тимот од северен Лондон.
Но, тоа не значи дека 33 годишникот ќе остане со Мурињо и следната сезоната, бидејќи се шпекулира за негово заминување од Тотенхем после седум успешни години.
-Сакам да играм во Европа и да научам друг јазик. Шпански и италијански доаѓаат предвид. Должината на потенцијалниот договор исто така не може да не биде важн, изјави Вертонген за „Play Sports Kot“.
Покрај него, третиот резервен голман, поранешниот прв избор на Свонси, Михаел Ворм, исто така го продолжи договорот до крајот на сезоната.
Екипите сега се соочуваат со сериозен проблем, откако и преку лето ќе се доигруваат тековните сезони, а поседуваат фудбалери на кои договорот им истекува на 30 јуни оваа година. Тоа значи дека одредени тимови (Челзи е добар пример, затоа што останува од први јули без Педро и Вилиан) може да бидат видно ослабени за финишот на кампањата.