Објавени „бомби“ за Ден Дончев – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/20 12:14 PM

Објавени „бомби“ за Ден Дончев

Денес на Интернет се појави нова аудио и видео бомба од која се гледа како Директорот на ФЗО, Ден Дончев, наводно зема пари како и разговори поврзани со рекетирање за фирмата „Дијамед“, објави Нетпрес.

На На Јутјуб каналот  „Алибаба тредичи“, по објавеното видео се објавеи и три аудио снимки, насловени како и видеото „Лепливите прсти на Ден Дончев“.

На аудио-снимките се слушна како Ден Дончев наводно од адвокатот Филип Медарски  бара да не се испраќа инспекција кај инвеститор кој тој го застапувал.Се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција.