На македонските компании од денеска им е достапен нов агрегатен веб портал кој е дел од поектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Овој портал ќе ја зголеми информираноста кај бизнисмените за регулативата и за начините на кои работењето може да го усогласат со законските прописи.
Информирање, прашување и самооценување – ова се можностите кои за маедонските бизнисмени ги нуди агрегатниот портал бизнисрегулатива.мк кој денеска беше презентиран во рамките на проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.
Овој нов портал ќе им овозможи на претприемачите да се информираат за најновите настани и бизнис активности во државата, како и за промена на законската регулатива поврзана во секојдневното работење – објасни директорот на канцеларијата на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалес.
„Очекуваме овој портал да обезбеди алатки за компаниите подобро да го усогласат своето работење со регулативата и полесно да ги пласираат производите. УСАИД останува посветен н работење со приватниот сектор и со Владата за нормализирање на регулативата со цел да им се помогне на компаниите да им се создаде средина во која ќе просперираат“, додаде тој.
Преку воведување на алатките „Прашај експерт“ и „Листи за оценување на усогласеност“, компаниите ќе можат самостојно, брзо и бесплатно да ја проверат усогласеноста на нивното работење со тековната регулатива, како и директно да поставуваат прашања до експерти од различни области.
Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива е спроведуван од ЕПИ Центар Интернационал во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанска комoра на северозападна Македонија и МАСИТ.
„Порталот има секција Прашај експерт и позициони документи и таму секоја фирма ќе може директно да дава предлог за некој позиционен документ“, појасни претставникот на ЕПИ Центар, Љубомир Димовски.