При рушење на стар објект пронајдена муниција и експлозиван направа од Првата светска војна – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/20 9:25 AM

При рушење на стар објект пронајдена муниција и експлозиван направа од Првата светска војна

При рушење на стар објект, пронајдени се  неексплодирана направа и муниција од Првата светска војна од турско потекло. По пријавата, тие се подигнати и ќе бидат уништени од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.

,На 21.06.2020 во 13,40 часот во СВР Штип, З.Ѓ.(56) од Штип пријавил дека при рушење на стар објект на ул.„Христо Ботев“ во Штип пронашол неактивирана експлозивна направа од Првата Светска војна и стара боева муниција со различен калибар од турско производство. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување-Штип пронајдената експлозивна направа и муниција се подигнати за понатамошна постапка,“ информираат од ДВР Штип.