Туристите ги откажуваат луксузните крстарења, а копаниите се во загуба и продаваат бродови – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/20 11:46 AM

Туристите ги откажуваат луксузните крстарења, а копаниите се во загуба и продаваат бродови

Британско – американскиот организатор за крстарења „Карнивал“ соопшти дека долгото фискално тримесечие е со нето губиток од 4,4 милијарда долари.

Виновникот за овој пад е пандемијата со корона вирусот која ја присили компанијата да ги продаде бродовите.

Нето загубата во последното тримесечие заклучно со крајот на мај е најголем во историјата на водниот организатор за крстарење по светот. Во истиот период минатата година компанијата прославила нето добивка од 451 милиони долари.

Бизнисот со крстарењето почна да пропаѓа откако неколку бродови, станаа жариште на епидемијата со корона вирусот. Некои патници и работници починале од последица на заразата, а на некои им е одреден карантин додека се закотвиле. „Карнивал“ поради пандемијата и последиците од неа бил приморан да ги намали капацитетите. По продажбата на шест бродови биле присилени да ги намалат вкупните капацитети. По продажбата на седум бродови биле присилени да се откажат од две милијарди долари поради разликата на цената во продажбата и нивната книговодствена вредност.

Кога би се исклучило тоа откажување, нето загубата изнесува 2,4 милијарди долари.

Што подолго трае паузата во работењето, тоа повеќе ќе влијае на ликвидноста и финансиската состојба на компанијата, велат од „Карнивал“.

Крстарењата обично се резервираат шест месеци до година претходно, а од појавата на пандемијата на бродовите во Азија Карнивал и нивните конкуренти биле присилени да ги откажат, да им ги рефундираат средствата или да ги променат резервациите за илјадници билети.