Чај од липа за несоница, висок крвен притисок и маснотии во крвта – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/20 9:35 AM

Чај од липа за несоница, висок крвен притисок и маснотии во крвта

Доколку имате проблеми со спиењето, не можете да заспиете, пред да заминете во вашиот кревет истуширајте се со топла вода во која претходно сте ставиле четири чаши со цвет од липа или напијте се топло млеко со мед од липа. Но помага и чајот од липа.

Цветовите на оваа билка помагаат во проблеми со грчеви, го намалуваат потењето, имаат и диуретски ефект, па се препорачува на луѓето со висок крвен притисок, за маснотии во крвта, но и за смирување на болки од мигрена.

Липата има позитивен ефект и кај болестите кои се проследени со покачена температура, и создава отпорност кон инфекциите. И додека уживате во опојниот мирис на липата, искористете ја во овој период да ја наберете и да ја исушите за чај.