Три години затвор за Стојан Павлевски, а година и два месеца за Цејо Георгиевски, на кои денеска им се судеше за нападот на Зијадин Села во Собранието, откако на минатото рочиште постапката за нив двајца беше одвоена бидејќи признаа вина.
Во казната се вбројува и времето кое тие го поминаа во притвор, па Георгиевски ќе треба да лежи само еден месец имајќи предвид дека тој во притвор е година дена. Павлевски пак, беше притворен лани во октомври. На излегување од Судот рече дека не очекувал ваква казна и најави жалба.
На денешното рочиште, Судот појасни дека има разлика во казните, бидејќи прв го пробил кордонот и влегол во собраниската прес сала каде почнал да ги напаѓа претставниците на законодавната власт.
Вања Мицевска