Нејзиниот најголем проблем како дете беше големиот стомак, а заради тоа претрпела навреди од момче на училиште. Блогерката Анџелина Денк (23) ги помина детството и раната младост со прекумерна тежина, поради што постојано се соочуваше со малтретирање од своите врсници. Оваа девојка од Германија тежела 115 килограми во еден момент и тогаш одлучила дека е доволно. Таа изгуби 45 килограми, а нејзината мотивација, вели таа, биле спомените за тоа како била малтретирана.
„Најлошо сеќавање имам на едно момче од одделението кое постојано ме боцкаше во стомакот со молив и ми рече дека е невозможно да ме боли кога стомакот ми е огромен“, вели Анџелина. Потоа, дојдоа забелешките на членовите на поширокото семејство, на штета на нејзините „огромни бедра“. Тоа беше во 2015 година, и по неколку години неуспешни диети, таа одлучи да го промени својот животен стил, и килограмите се стопија и што е најважно, не се вратија.
Ова е нејзината диета: таа го прескокнува појадокот и јаде двапати на ден, еднаш околу пет и еднаш околу девет. Таа аплицираше да учествува во германското шоу „Супермодели со облини“ и заврши меѓу најдобрите 30, со што ја започна нејзината кариера. Денес таа работи како модел на плус сајз и блогер на Инстаграм.
Извор и фото: espreso.rs