Медицинска сестра во алкохолизирана состојба возела 11 километри во спротивен правец – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/20 4:37 PM

Медицинска сестра во алкохолизирана состојба возела 11 километри во спротивен правец

Медицинска сестра од Велика Британија возела под дејство на алкохол во спротивен правец повеќе од 11 километри, успешно избегнувајќи ги воизлата кои и надоаѓале.

Потоа на сред пат таа направила полукружно вртење и се вратила во правилната насока.

Ема Маршал Дејвис на полицијата и признала дека пиела вино пред да седне зад воланот и потоа излегла на автопатот М4 и тргнала кон дома, не далеку од Кардиф во Велс.

Медицинската сестра била вработена во болница за ментално здравје, вината ја признала бидејќи алкохолниот тест покажал дупло повеќе количина на алкохол во крвта од дозволеното.

Осудена е на 12 месеци општо корисна работа и парична казна од 920 фунти односно околу 1016 евра.

Вистина среќа е што никој не е повреден за време на „авантурата – спротивен правец“.

https://www.youtube.com/watch?v=deEH4y5E7hU&feature=emb_title