Одредени туристи од Србија кои тргнале кон Грција се враќаат од бугарскиот премин на таа земја – Илинден.
„Најновата информација за сите оние кои планираат да патуваат за Грција: Вратени сме од граничниот премин Илинден бидејќи ни кажаат дека Грците не пуштале, бидејќи немаат тестови за корона на тој премин и да одиме на граничниот премин Промахонас“, објавила на социјалните медиуми една патничка во групата „Грција инфо“.
Информацијата ја потврдиле и други патници, од друга Фејсбук група.
„Важно! – Затворен е граничниот премин Илинден – Ехочи. Само што добивме информација дека граничниот премин за жал е затворен за српските државјани и сите се движат на граничниот премин Кулата – Промахонас. Доколку некој познавате дека се движи кон тој граничен премин информирајте го да пренасочи кон Промахонас“, стои во објавата на Фејсбук од група туристи кои тргнале кон Грција.