Република Северна Македонија – исход од договорот меѓу Заев и Ципрас, наесен и референдум во земјава (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/18 5:15 PM

Република Северна Македонија – исход од договорот меѓу Заев и Ципрас, наесен и референдум во земјава (Видео)

Постигнат е историски договор со Грција и е постигнато решение на 25-годишниот спор со Грција – соопшти вечерва премиерот Зоран Заев на прес конференција. Тој информираше дека решението е Република Северна Македонија и ова е ново име за севкупна употреба кое ќе се прецизира со амандман во Уставот.

Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во ОН – македонски, macedonian, без фуснота. Нациоанлноста е македонска/граѓани на Република Северна Македонија и соодветно на англиски јазик.

Со договорот, рече Заев, еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, македонскиот јазик, македонмската националност. Со него се гарантира и безбедноста на земјата и се овозможува сигурна иднина на граѓаните на РМ, истакна премиерот.

Тој додаде дека договорот ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти во државата, потпишан од претставниците на двете влади, по што следува ратификацијата во Собранието. Заев најави дека за овој одговор, граѓаните ќе го искажат своето мислење на референдум наесен.