Во северниот дел на јужноафриканската држава Боцвана, во подрачјето Окаванго Делта, во период од три месеци угинале 154 слона, јавува агенцијата Анадолија.
Според вестите објавени во националните медиуми, во подрачјето Окаванго Делта, од април досега мртви се пронајдени 154 слона.
Дикаматсо Нтшебе, одговорен за животот на дивите животни во главниот град Габороне, соопшти дека некои од слоновите биле болни, а некои биле во состојба пред умирање.
Подвлекувајќи дека на телата на слоновите не е пронајдена каква било трага, Нтшебе истакна дека не е пронајдена ни трага на поврзаност на смртта на слоновите со ловокрадците.
Нтшебе рече дека во тек е истрага за откривање на причината за смртта на слоновите.
Минатата година како последица на заразеност со антракс настрадале повеќе од 100 слона.