Двајца браќа без вина минале 24 години во американски затвор, ќе добијат отштета од 4.000.000 долари  – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/20 7:04 AM

Двајца браќа без вина минале 24 години во американски затвор, ќе добијат отштета од 4.000.000 долари 

Во САД е утврдено дека двајца браќа по грешка се испратени во затвор каде што поминале 24 години, поради што ќе им биде исплатено обештетување во вредност од 4 милиони долари, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Одборот за државни работи во сојузната држава Мериленд едногласно одлучи на Ерик Симонс и Кенети „ЏејАр“ Мекферсон до 2025 година постепено да им исплати по 1,9 милиони долари.

Браќата Симонс и Мекферсон се осудени на доживотна казна затвор под обвинение за планирано убиство на Антони Вудн во Источен Балтимор 1995 година.

Невладината организација „Innocence Project“ која се бореше за ослободување на двајцата браќа, докажа дека во времето на убиството на Вудн тие биле на сосема друго место.

Агенцијата тврди дека полицијата во текот на истрагата навела жена од регионот да сведочи против браќата во замена за плаќање на нејзината ќирија. Претходно било тврдено дека истата жена прифатила слична понуда за вооружен напад во Западен Балтимор.

Според сознанијата, полицијата присилила и 13-годишно момче да сведочи против Симонс и Мекферсон, а според ‘Innocence Project’, момчето подоцна го сменило исказот.

Симонс и Мекферсон се ослободени 2019 година.

Ерик Симонс за ‘Вашингтон Пост’ рекол дека мајка му починала додека бил во затвор, се заблагодарил на отштетата, но подвлекол дека тоа не може да го врати времето кое го минал зад решетките.