Продолжува отстранувањето и уривањето споменици во САД од колонијалната ера. Статуата на Џорџ Вашингтон во Портланд е уништена на празник со кој што се означува ослободување на робовите, јавуваат агенциите, потсетувајќи дека првиот американски претседател поседувал робови.
За време на протестот поради смртта на Афроамериканецот Флојд, група демонстранти првин ја обвиткале бронзената статуа во американско знаме, а потоја ја запалиле. Демонстрантите на споменикот напишале „1619“ со црвена боја, а тоа е годината во која се смрта дека првите африкански робови пристигнале во САД.
За да не доживее слична судбина, завчера градските власти на Сан Франциско ја отстраниле и повлекле бистата на морепловецот Кристофер Колумбо, тешка два тона, подигната во 1957 година. Претходната седмица бистата на Колумбо во Бостон остана без глава, а во сојузната држава Вирџинија прво завршила во оган, а потоа и во езеро.