Компанијата „Трио 95“ од Прилеп постои од 1995 година, кога започнува со производство на пици, а од 1999 година ја проширува својата дејност со производство на полуготови лиснати теста, пирошки и кори за пити и баклави. Компанијата работи во строго контроирани хигиенски услови. Денес таа располага со модерно опремен производствен простор според најсовремени стандарди. Квалитетот, хранливоста и безбедноста се епитетите што ги красат сите производи на „Трио 95“, кои се верификувани со HACCAP-сертификат за безбедност и со ISO 22000 стандардот за квалитет во производство на храна.
Не сме голема фирма, но постојано раснеме
– Имаме 62 вработени. Не сме голема фирма, но имаме реални желби и постојано работиме на континуиран развој и на квалитетно производство. Нашите производи може да се најдат низ маркетите во цела Македонија. Поради епидемијата на Ковид-19 и мерките против нејзиното ширење, во последните два месеца имаме пад на продажбата за околу 15 отсто, главно поради неработењето на угостителските објекти од средината на март, а многу ресторани земаат наши производи. Не сме барале државна помош и не сакаме да бараме. Веруваме дека епидемијата ќе стивне и оти брзо ќе се вратиме во нормала – истакнува Тони Атанасовски, еден од тројцата браа сопственици на „Трио 95“.
Додава и оти во текот на производствениот процес максимално ги почитуваат мерките за спречување на проширувањето на вирусот и мерките за заштита на работниците во вакви услови.
Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.