Ѕвездата на Евертон го „пецна“ Ван Дајк, имало и подобри дефанзивци од него – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/20 2:16 PM

Ѕвездата на Евертон го „пецна“ Ван Дајк, имало и подобри дефанзивци од него

Во пресрет на „Мерсисајд“ дербито помеѓу Евертон и Ливерпул, во недела на „Гудисон Парк“,, ѕвездата на Евертон, бразилскиот репрезентативец Ричарлисон, изјави дека Ван Дајк е добар играч, но во моментов тој може да наброи и други дефанзивци кои се подобри од него.

Зборувајќи „Десимпедидос“, тој рече дека Ван Дајк е навистина добар играч и нема намера да ги спори неговите квалитети, но сепак, кога и да се сретнел со него во Премиер Лигата, не наидувал на посериозни проблеми.

-Луѓето многу зборуваат за него, точно е, тој е одличен дефанзивец, но јас веќе во неколку наврати го имам издриблано. Беше избран за топ три светски фудбалери затоа што имаше супер сезона, но според мене има и подобри играчи од дефанзивната линија. Тиаго Силва и Маркињос, како и Серхио Рамос од Реал Мадрид, тврди Ричарлисон.

Во последното сооочување на овие две екипи на „Енфилд“ во декември минатата година, Евертон загуби од Ливерпул 5:2, а Ричарлисон беше стрелец на тој меч.