Доктор од кавадаречката болница позитивен на ковид – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/20 8:15 AM

Доктор од кавадаречката болница позитивен на ковид

Доктор вработен во кавадаречката Општа болница е позитивен на Ковид 19, потврдија од ЦЈЗ.
-Лицето е без симптоми. Работиме на обезбедување на неговите контакти” вели епидемиологот д-р Ристе Јовановски.
Ова е втор случај неделава на инфицирано медицинско лице. На почетокот на неделата беше дијагностициран корона вирус и кај медицинска сестра од болницата.

Ангел Данов