Димени производи, шунки, салами, колбаси, виршли и свежи месни преработки, се дел од производствениот асортиман на месната индустрија БИЛЈАНОВИ ДОО.
Стручениот тим работи со најсовремена опрема за производство, според највисоки техничко-технолошки стандарди за квалитет и безбедност на храна. Посебното внимание при набавка на суровини што ги задоволуваат светските стандарди за квалитет, преку имплементиран HACCP систем и обезбедување на високи критериуми за безбедност на производите, претставуваат основа на работењето на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ ДОО.
Основни факти за БИЛЈАНОВИ ДОО:
Месната индустрија БИЛЈАНОВИ ДОО е основана во 2012 година од семејството со најстара месарска традиција во Струга започната од Коста Билјан во втората половина на XIX век. Шестте ѕвезди на логото ја покажуваат чесноста и еснафското работење на шест генерации на семејството Билјан.
Основна мисија на месната индустрија БИЛЈАНОВИ е преку пласман на високо квалитетни производи да се задоволат барањата на потрошувачите. Основна визија е брендот БИЛЈАНОВИ да стане општо препознатлив по врвниот квалитет на месните производи.
Уште неколку факти за БИЛЈАНОВИ ДОО
-Месната индустрија БИЛЈАНОВИ ДОО е мало претпријатие со 20-тина вработени.
-Приходите од работењето се остваруваат доминантно на домашниот пазар.
-Вредноста на остварените приходи од продажба на готови производи бележи постојан нагорен тренд со просечен годишен раст од околу 10%.
Воведените мерки од страна на Владата за борба против корона вирусот од фирмата велат , не претставуваа проблем за вработените, особено поради фактот што и во редовното работење се воспоставени високи критериуми за хигиена и безбедност.
Најголем проблем во работењето претставуваше мерката за затворање на угостителските објекти, особено поради фактот дека најголем дел од производи се пласираат преку овој канал на дистрибуција.
Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.