Сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.Максималната температура до 32 степена. УВ=8. Тоа е прогозата на УХМР за денеска.
Утре ќе преовладува слично, претежно стабилно и топло време, а само на места ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец. Од недела повторно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.