Lide Lide: Kако убаво се смее Филипче, ем срамежливо, ем му е мило! Насмевката ме собори! – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/20 8:00 AM

Lide Lide: Kако убаво се смее Филипче, ем срамежливо, ем му е мило! Насмевката ме собори!

„Го гледав на телевизија  и си уживав и ниту во ниеден момент не помислив дека вакво нешто ќе се случи“, вели Lide Lide, откако доцна синојка во телевизиско гостување, министерот Венко Филипче , на новинарско прашање дали ќе пие кафе со неа  рече- да! Видно возбудена таа ни кажа дека кога почнала да ги пишува пораките, не ни помислила дека работата ќе стаса до овде.

-Не знам што да кажам. Одеднаш се стресов. Сакав да станам ама ми се тресеа и рацете и нозете. Не знам веќе што ми е.  Ова шок ли се вика?  Оваа моја состојба Филипче ќе треба стручно да ми ја објасни. Ем се радувам, ем се смеам ем, пак, ми се плаче. После толку коментари и сега одеднаш да ме фати трема.  Навистина не знам кај се наоѓам од возбуда, рече таа и додаде:

„Ама како срамежливо се насмевна на крај. Па секоја жена ќе падне, не само јас. Лелее, зарем отидов со паметот?!  Искрено не очекував дека вака ќе се чувствувам. Ме збуни и тоа што рече дека ќе оди на кафе. Ама насмевката на крај ме собори. Леле како убаво и срамежливо се насмевна! Ем како да му е незгодно, ем како да му е мило. Леле, ова некако дојде премногу и за мене.  Каков шок. Толку сум импресионирана што навистина не знам што да кажам“, возбудено рече таа.

Откако го изнафали Филипче, Lide Lide, која по природа е многу духовита личност, порача.

-Види, целата оваа комуникација почна и трае само со пораки. Да не помислат луѓето дека сум опседната и го прогонувам. Мене ми е духовито и симпатично ова што се случува. А тоа дека можеби во меѓувреме сум се вљубила во Филипче не е ниту чудно ниту ненормално, бидејќи откако почна пандемијата еден куп  жени се вљубени во него. Ама не се осмелија ништо да напишат. Па, тој во оваа ситуација е единствена  светла точка, вели таа.

Во целата возбуда и радост и по многу преслушувања на снимката, таа вели дека, само не и е баш јасен неговиот одговор  дека ќе пијат кафе кога ќе помине кризата.

„Сакам да прашам, а кога ќе помине кризата?

На крајот од разговорот Lide Lide не замоли да го објавиме видеото, со кавер од песната „Перфект“ на Ед Ширан, кое го подготвила пред шест дена како подарок за неговиот роденден, но не успеала да му го честита. Тој ден немал прес.

Весна Миленковска