Жена во Кина родила близнаци меѓу кои има 10 години разлика, пренесува Њујорк пост.
Мајка, која локалните медиуми ја идентификуваат само како госпоѓа Њанг, во вторник роди здраво дете од замрзнат ембрион, по 10 години откако го родила нејзиниот прв син. Двата ембриона настанале во ист циклус на вон телесно оплодување. Едниот ембрион лекарите и го всадиле веднаш, додека другиот бил замрзнат цели 10 години.
“Од медицинска перспектив тие се браќа близнаци”, рекол доктор Згенг Јие, стручњак за плодност во болницата во Хубеију.
Њанг пред вон телесното оплодување се обидувала пет години да забремени. Првиот син се вика Лулу, а новороденото бебе Тонгтонг.
Двете близначиња во моментот на раѓање биле тешки 3,12 килограми и двете се родени со царски рез. Таткото рекол дека се одлучиле за ново бебе, откакоМЛулу им рекол дека сака брат или сестра.
Извор и фото: index.hr