Кој ќе пее за Македонија? Евросонг на 22 мај 2021, повторно во Ротердам – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/20 8:00 PM

Кој ќе пее за Македонија? Евросонг на 22 мај 2021, повторно во Ротердам

Пандемијата која го откажа годинашното издание на Изборот за песна на Евровизија се уште не е помината, но веќе се знаат новите датума на Евросонг, кој ќе се одржи идната година во мај.  Во Ротердам, Холандија, каде и годинава требаше да се одржи најголемата музичка манифестација во Европа, ќе се пее и догодина и тоа првата полуфинална вечер ќе биде на 18, втората на 20 а третата на 22 мај, објави холандската телевизија.

Како што е познато, по откажувањето, многу од земјите ги задржаа истите претставници, најмалку 17 земји, но според правилата на ЕБУ, тие нема да можат да настапат со истите песни, туку со сосема нови. Останатите држави, меѓу кои е и Македонија, се уште се нема изјаснето дали догодина ќе ја претставува Васил Гарванлиев со нова песна, или, пак, ќе се бира нов пејач.

Како што е познато Холандија стана домаќин на 65 издание на Евросонг, пткако минатата година  Данкан Лоренс победи со песната Аркада.