Хилари го обвини Трамп : Ковид-19 е резиме на неговите неуспеси – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/20 7:29 PM

Хилари го обвини Трамп : Ковид-19 е резиме на неговите неуспеси

Хилари Клинтон, кандидат на Демократската партија на минатите претседателски избори во САД изјави дека пандемијата од коронавирусот предствавува своеврсно резиме на неуспехот на актуелниот претседател, Доналд Трамп.

Во изјава за “Скај Њуз“, Клинтон рече дека верува дека на Трамп му „здосадила“ кризата предизвикана од коронавирусот, затоа што знае дека таа му ги намалува шансите да во ноември биде повторно избран за претседател.

Таа рече дека, како и многу Американци, после поразот од Трамп во претседателската трка пред четири години се надевала дека тој ќе биде дораснат на функцијата на која дошол и дека нема да биде толку лош, колку што стравувала.

-За жал, тој е уште и полош, а кризата предизвикана од Ковид- 19 навистина ги резимира неговите длабоки претседавања“, рече Клинтон,.

-Трамп ги игнорираше предупредувањата кои пристигнуваа долго пред што бројот на случите значително порасна, во управување со земјата не покажал личен пример. а со водечките научници не разговарал со недели, рече Клинтон.

 

 

 

 

Извор : informer.rs

фото : tanjug