Изградбата на новата детска градинка во Струмица со капацитет од 300 дечиња тече според предвидената динамика и таа до крајот на идната година. Вака истакна градоначалникот на Струмица Коста Јаневски кој изврши увид на градежните работи на ова градинка која се реализира преку Министерството за труд и сицијална политика.
Градинката е со корисна површина од околу 2650 метри квадратни и ќе биде со приземје и кат а чини околу 1,7 милиони евра. Јаневски смета до со ова градинка но и со проширувањето на останатите клонови конечно ќе се реши проблемот со згрижување и сместување на деца од предучилишна возраст во општина Струмица што беше еден од најголемите проблеми
Средствата за изградбата на новата градинка се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика но и од Буџетот на општината . Освен за изградба на објкетот обезбедени средства и за набавка на опрема и инвентар во градинката рече градоначалникот според кого градинката треба да биде изградена во рок од 18 месеци или најдоцна до крајот на 2021 година.
Ване Трајков