Лоша навика која ја практикуваат 90 отсто од луѓето : Не би требало да пиете кафе наутро – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/20 6:41 PM

Лоша навика која ја практикуваат 90 отсто од луѓето : Не би требало да пиете кафе наутро

Без разлика дали сте ранобудник или не, веројатно како и повеќето од луѓето, веднаш штом отворите очи, прво на што помислувате е топол напиток кој со својот мирис за момент ќе ви ги разбуди сите сетела. Да, иако многумина не можат да му одолеат на кафето, што е секојдневен ритуал без кој денот и не започнува, сепак тоа не би требало да го правите.

Додека спиеме губиме доста течности, а не внесуваме воопшто, затоа и често сме жедни во текот на ноќта, или од кога ќе се пробудиме.

Замислете тогаш, кога на своето скоро дехидрирано тело додадете кафе, кое е диуретик, не само што ќе ја исцедите од вас онаа малку вода што останала, туку и ќе го забавите вашиот метаболизам, а то секако дека не е во ваша корист, особено ако сакате да симнете некој килограм.

Да го избегнете се ова што лошо влијае на вашето здравје, подобро би било наутро прво да испиете чаша вода, доручкувате, па дури тогаш да испиете кафе.

Можеби не можеде да доручкувате веднаш кога ќе се пробудите, тогаш, испијте го кафето од кога ќе испиете голема чаша вода, и тоа барем 30 минути подоцна, сугерираат научниците.