Универзитетот Сеченов во Москва започна клиничко испитување на вакцина против коронавирусот и првите 18 доброволци ги примија експерименталните вакцини, изјави денес Вадим Тарасов, директор на Универзитетскиот институт.
Информацијата е потврдена и во руското министерство за здравство од каде е најавено учество на вкупно 38 доброволци.
извор: rtv.rs