Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска не го криеше задоволството поради посетата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, па на крајот на заедничката прес конференција му подари гитара на Лавров, но ниту тој не дошол во посета на Србија не подготвен.
Дачиќ, како што вели специјалниот подарок му го врачи на Лавров по повод неговиот 70 ти роденден кој го прослави неодамна.
„Подготвив подарок. Тоа е специјална гитара, со специјално дрво кое го изработуваме во Србија“, објасни министерот за надворешни работи, Дачиќ.
Шефот на руската дипломатија, на својот коелга му подари микрофон на кој пишува „Ивица Дачиќ“, а Дачиќ не се воздржа подарокот спакуван во црвена кутија веднаш го распакува.