Пејачката Јованка Житарова по пауза од 10 години повторно и се ваќа на песната. Таа во моментов подготвува нешто ново, кое на публиката ќе ја претстави во сосема поинакво музичко светло. А што се однесува до нејзиноиот приватен живот, веќе две години како е разведена и место на Аљаска, ужива со децата Зои и Картер на релација Скопје-Охриод- Неготино. Таа се пресели во Скопје, каде што учат децата, во Охрид го поминува летниот период, додека во Неготино оди да го посети семејството. Специјално за mms.mk ја отвори душата и ни раскажа како го живее животот и како е да се биде самохрана мајка на близначиња.
-Ако во живото ми се случило нешто убаво, тоа е што станав мајка на Зои и Картер. Тие се моето најголемо богатство, моето се. После се што поминав низ животот, јас сега живеам само за децата. Зои и Картер се мојот живот, моето секојдневие, мојата надеж, мојата најголема љубов. На сите им посакувам да го пучувствуваат мајчинството. Тоа ми го окупира целото внимание, па немам време да мислам на ништо друго, особено последните четири години ниту за песната, мојата втора љубов. Па, нормално ни за себе немав време да мислам. А за друга љубов? Откако се разделивме со Роберт не ни размислувам повторно да стапам во брак. Се во свое време, можеби некогаш и ќе го напрвам тоа, но сега засега моата љубов се децата. Јас не сум се откажала од љубовта, нема ниту да се откажам, таа е најдобрата движечка сила на човекот. Убаво е кога ќе си комплетно задоволен во се. Но, ете бев во брак, изглеов од бракот и сметам дека љубовта која сега треба да ја давам и да ја добивам е само љубовта од Зои и Картер и тоа во неизмерно количество. И тоа ми е најважно, вели Јованка.
Што се однесува до музиката таа откри дека веќе подолго време размислува да и се врати на песната, нејзината втора љубов, но заради сите ситуации низ кои морала да помине, како што е разводот, па пандемијата, дури сега дошол моментот.
-После 10 години ќе се вратам на песната. Па, јас за тоа се школував, тоа е мојата прва љубов. Но, овој пат нема да биде како порано. Сметам дека веќе нема потреба да се појавувам на фестивали, барем така мислам сега за сега, освен ако до раце не ми дојде хит на кој нема да можам да одолеам. Подготввувам нова песна, која ќе ме претстави во сосема поинакво издание. Сега можам толку да откријам, бидејки работам со други автори, со кои досега никогаш не сум соработувала. Нема да откријам кои се, бидејки во моментов се подготвува песната и кога ќе се знаат сите детали, тогаш и ќе се открие авторскиот тим, вели Јованка.
Весна Миленковска