22-годишно момче од кочанско село извршило полов напад врз 14-годишно девојче, информира ПС Кочани.
Случајот вчера околу 14 часот во полиција го пријавил таткото на девојчето. Според пријавата, половиот напад го извршил 22-годишно момче од село во близина на Кочани.
Девојчето било однесено во болницата во Кочани, и по извршениот преглед било утврдено дека било силувано. Полицијата го расчистува случајот.