Германската биотехнолошка компанија „CureVac“ вчера доби одобрение од надлежните за испитување на можната вакцина против вирусот Ковид-19 на луѓе.
Компанијата ќе започне со тестирање на својата експериментална вакцина во следните денови во неколку болници во Германија и во соседна Белгија. Тоа ќе биде 11. овластено клиничко испитување во светот за можна вакцина против Ковид-19.
Во одобрениот прв дел од клиничкото испитување, ќе бидат вакцинирани 144 здрави волонтери на возраст меѓу 18 и 60 години, со цел да се утврди оптималната доза и да се оцени безбедноста на вакцината кај луѓето.
.