Група од 16 пријатели, кои ја минале ноќта на журка во еден бар во Флорида, се тестирале и сите се позитивни на корона, пренесува Си-Ен-Ен.
Сега, групата заразени пријатели ја предупредува американската јавност да биде внимателна и напоменуваат дека пандемијата сè уште не е завршена, пренесува Си-Ен-Ен. Тројца членови на групата изјавиле за Си-Ен-Ен дека се собрале за да го прослават роденденот на еден пријател.
Барот, кој по неколку месеци повторно се отворил откако беа олеснети рестриктивните мерки, беил преполн и никој не носел маска, раскажале пријателите.
Сите во групата беа позитивни, но за среќа, никој не се разболел многу сериозно, иако некои имале симптоми слични на грип.