Реми без голови на „Вила Парк“, поништениот погодок на Шефилд е момент на натпреварот – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 8:15 PM

Реми без голови на „Вила Парк“, поништениот погодок на Шефилд е момент на натпреварот

На повторното отворање на Премиер Лигата, екипите на Астон Вила и Шефилд Јунајтед одиграа реми без голови, во очекуван меч без многу шанси и динамичност.

Стодневната пауза во голема мера се рефлектираше врз играта на двете екипи, кои во текот на 90 минути создадоа мал број на прилики пред головите. Даглас Луиз за домаќините и Џонд Лундстрам за гостите беа единствените кои влегоа во бележникот на главниот арбитар Мајкл Оливер и добија жолти картони,

Но, за денешниот натпревар ќе се зборува уште долго и карактеристичен е по една навистина контоверзна и невобичаена ситуација. Ако досега контроверзиите и неправилностите се поврзуваа со директните одлуки на судиите на натпреварите, или ВАР системот, денес за првпат се чини дека „гол-лајн’’ технологијата се најде на „тапет“, поради нејзината намерна или ненамерна нефункционалност.

Имено, при крајот на првото полувреме играчот од средината на Шефилд, Оливер Норвуд, центрираше од прекин во шеснаесетникот на Астон Вила и навидум лесната топка за голманот на домаќинот, заврши во мрежата со целиот обем. Иако целиот фудбалски свет забележа дека голманот Најланд не ја исфрли навреме топката, Оливер гестикулираше дека часовникот на неговата рака не реагирал и не го призна очигледниот погодок на тимот на Крис Вајлдер.

Во 21:15 се среќаваат екипите на шпанските стратези, Манчестер Сити и Арсенал.