Се случи и тоа: „Гол-лајн“ технологијата потфрли на рестартот на Премиер Лигата – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 7:02 PM

Се случи и тоа: „Гол-лајн“ технологијата потфрли на рестартот на Премиер Лигата

Центаршутот на Оливер Норвуд, фудбалерот на Шефилд Јунајтед, при крајот на првото полувреме од воведниот меч во продолжението на Премиер Лигата, заврши во мрежата на Астон Вила, откако голманот Орјан Најланд не успеа навреме да излезе со топката од својата мрежа.

Се чини дека топката ја имаше поминато гол линијата со целиот свој обем, но за големо изненадување на сите, па дури и на играчите на Астон Вила, главниот арбитар Мајкл Оливер не го призна голот, гестикулирајќи дека часовникот на раката кој вообичаено почнува да вибрира доколку топката ја поминува гол линијата, овојпат не реагирал.

Проценете и самите дали Шефилд Јунајтед е повторно оштетен оваа сезона и дали „гол-лајн“ технологијата за првпат се покажа како неуспешна.