Во просториите на Црвен крст Делчево пристигна хуманитарната помош од Македонската заедница во Обединетото Кралство. Како што информираше Ивана Атанасовска од делчевскиот Црвен Крст, пакетите ќе бидат поделени на социјално-загрозените граѓани кои не добиле никаква помош за време на здравствената криза.
-Општинската организација на Црвен крст Делчево доби хуманитарни пакети со храна кои се донација од Македонскатазаедница од Обединетото Кралство. Досега имаме 10 пакети а останатите ќе пристигнат во текот на оваа недела. Според планираното пакетите ќе бидат поделени во Делчево и М.Каменица на лица од социјален ризик од руралните средини кои досега не добиле никаква помош, истакна Атанасовска.
Освен Делчево со акцијата досега како што додаде се опфатени повеќе општини.
-Помошта ни е дистрибуирана од страна на Општинската организација на Црвен крст Свети Николе, а со акцијата досега беа опфатени и општините Велес, Пробиштип, Штип, Кочани, Виница, Радовиш, Неготино и Кавадарци, додаде Атанасовска.
Од Црвен Крст Делчево изразија благодарност за донацијата и додадоа дека хуманитарните пакети на најзагрозената категорија граѓани ќе биде дистрибуирана во текот на неделава.
Валери Спасевски