Се претпоставува дека пронајдените предмети им припаѓале на Евреите убиени во втората Светска војна.
Кралскиот дворец ,,Нови Сац“ денес е уништена средновековна градба , стара преку 600 години. Се претпоставува дека нацистите тука ги сокриле украдените предмети кога ја окупирале Полска.
Биле пронајдени различни сребрени куќни предмети, вклучувајќи и чаши и прибор за јадење, а групата пронаоѓачи за откритието објавиле на Ф.Б
103 сребрени предмети биле закопани во зарѓавен ковчег и се претпоставува дека сите биле изработени во Австрија или Полска.
Полскиот дворец во чија близина е откриено среброто нацистите го претвориле во барака 1941 година , а бил користен како магацин за муниција. Полските војници ја уништиле нацистичката барака и речиси во целост го уништиле дворецот.
Останатите откритија во дворецот, вклучуваат и колекција на кованици од 15 век.