Според „Скај њуз“, сè се случило пред парламентот во Лондон, додека премиерот се враќал во Даунинг стрит.
Демонстрантот скокнал пред конвојот и првото возило запрело, предизвикувајќи следното возило да удри во првото возило и така дошло до мал судир.
Скај објави дека на автомобилот на Борис Џонсон е видливо оштетување. Даунинг стрит објави дека никој не е повреден во сообраќајката.
Виновникот за лесната сообраќајна незгода бил приведен од полицијата.
https://twitter.com/snb19692/status/1273244222385160192