Неизвесно во Будва-Исчезнале клучот и печатот на општината – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 5:25 PM

Неизвесно во Будва-Исчезнале клучот и печатот на општината

Градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ, претседател на општинското собрание на Будва Крсто Радовиќ и останатите функционери на општината се пуштени на слобода, објави весникот Вјести.

Царевиќ кажа дека се ослободени од кривична одговорност. Сите се пуштени освен неговиот син кој, како што кажа, наводно нападнал службено лице.

Царевиќ кажа дека утре ќе дојде во општината на своето работно место и ги повикал граѓаните да останат пред општината и така да го искажат револтот.

Тој ги повикал сите во недела да дојдат на литии. Како што кажа, тоа што денеска е направено во Будва , го прават само ,,кукавици и изроди“

Утрово беше тензично во Будва.Полицајците брутално го претепаа и уапсија градоначалникот на градот Марко Царевиќ. Со лисици на рацете завршија и неговиот син и брат, претседател на Општинското собрание на Будва, Крсто Радовиќ и уште петмина соработници. При акцијата биле искршени и прозорците на Општината, а полицијата употребила и хемиски средства.

Инцидентот се сличил затоа што уапсените не дозволиле инспектори да влезат во објектот. Иако полицијата се обидела да ја внесе инспекторката Царевиќ и Радовиќ давале отпор. Ова следи, откако минатата недела, Општинското собрание, ги сменило Царевиќ и Радовиќ и дозволило новоизбраните службеници слободно да може да влегуваат во Општината и да имаат пристап до документите. Поради денешниот инцидент, градот беше под полициска опсада, а граѓаните излегоа на протест поради како што велат полициската бруталност.

При акцијата, како што објавија медиумите,  се искршени прозорци на општинската зграда, а полицијата употребила и хемиски средства. Десетина комбиња полни со полициски службеници  беа пристигнати во Будва каде што општинските функционери и граѓани ги имаат запоседнато просториите.

Како што пренесуваат медиумите, овој наплив на насилство е израз на нетпреливоста помеѓу властите во Подгорица и претставниците на Србите, која сега се префрла и на локално поле. Според неофицијални сознанија на српските медиуми, скриена причина за апсењето на градоначалникот на Будва наводно е неговата поддршка на литиите кои Српската црква ги организира против Законот за вероисповед во Црна Гора.

Вршителот на должност претседател на Општината и претседателот на општинското Собрание, Владимир Булатовиќ и Снежана Куч во придружба на Полицијата влегле во општинската зграда на Будва.

Како што соопштиле, клучевите од просториите исчезнале, го нема ниту печатот, што според нив значи дека е блокирана работата на локалниот Парламент, јавува РТЦГ.

Порачаа дека секој ќе сноси одговорност за своите дела. Булатовиќ ги повика вработените во општината утре нормално да дојдат на работа.