Месната индустрија „Никси“ од Куманово е уште еден доказ дека во Македонија има капацитет и знаење за реализација на големи проекти во оваа дејност. Фирмата има традиција и современ капацитет опремен во согласност со националните и ЕУ-станддардите за безбедност на храна и квалитет на производите.
Факти за „Никси“
„Никси“, иако со релативно мал број вработени – 25, произведува широка палета производи познати и прифатени од многу потрошувачи. Колбасите, виршлите, шунката, посебните салами, печеницата, вратот, сланината се само дел од палетата на повеќе од 20 производи на месната индустрија „Никси“.
Кризата предизвикана од светската пандемија на коронавирусот се почувствува и во оваа компанија, најмногу поради долгото неработење на рестораните, пицериите, сендвичарниците во земјва, од кои дел се снабдуваат и со производите на „Никси“.
– Имаме пад на продажбата за 22-23 отсто. Но, се бориме и се надеваме дека работите брзо ќе се вратат во нормала. Поради кризата, немаме отпуштено ниту еден вработен, а веруваме дека наскоро нивниот број и ќе се зголеми. Нашиот најдобар линк со потрошувачите се квалитетните производи – истакнува Никола Вучковски, сопственик на Месната индустрија „Никси“.
Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.