Шокот и неверувањето за смртта на диџеј Ицко, кој ноќеска ја изгуби битката со Ковид-19. Негови блиски и пријатели се простуваат од познатиот диџеј, а јавно зборови за утеха на својот Фејсбук профил последно збогум напиша и неговата сопруга Наташа Меловска, со кого ги имаат децата Матеј и Јована.
-Нема зборови, нема утеха за твојата загуба.Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо „Д“ за сите. Празнината секогаш ќе боли , но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душиче моја, љубов моја.Ти благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш. Тешко е. но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек, кој секогаш одеше напред. Морам и заради нашите деца, бидејки ти веруваше во мене. Ќе излеземе на прав пат, не се секирај, и не се сомневај, бидејки ти секогаш ќе внимаваш на нас , знам. Нека ти е светол патот кон вечноста, напиша неговата сопруга.
Зборови за кои нема утреха напишаа и неговите колеги од радио „Антена 5“, каде што беше вработен.
-Преголема е болката за нашиот Ице. Мислев ќе можам да напишам многуама едноставно солзите ми ги одземаа зборовите. Почивај во мир Ице наш, секогаш ќе бидеш во нашите срца и мисли, ќе се потсетуваме на сите журки, фестивали и дружби во радио. Почивај во мир и пуштај им горе најубава музика, вели во прошталниот статус неговата колешка Дани.
https://www.facebook.com/natasamelovska/posts/10220022311299596