Починаа девет а нови заразени се 193 лица, информираше Министерството за здравство – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 1:23 PM

Починаа девет а нови заразени се 193 лица, информираше Министерството за здравство

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-140, Куманово-2, Дебар-1, Штип-6, Тетово-19, Струга-5, Велес-2, Охрид-11, Гостивар-4, Свети Николе-1, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје- 35, Куманово-1, Штип-6, Тетово-1, Струга-1, Гостивар-1, Валандово-1.

Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациенти од Тетово и еден пациент од Охрид.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.

Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15, 7 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 109 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 30 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.