Пожар на вториот кат на семејна куќа во Пробиштип е пријавен вчера (16.06.2020година ) во 13.25 часот во Полициската станица Пробиштип. Според извештајот на СВР Штип, Т.Т. од Пробиштип пријавил дека настанал пожар на вториот кат во нивната семејна кука на ул„3-ти Април“ во Пробиштип. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Пробиштип. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Пробиштип.
Од црната хроника е регистриран и грабеж во куќата на 81-годишна штипјанка.
Вчера во 12.16 часот во СВР Штип, Р.Ј.(81) од Штип пријавила дека околу 11.30 часот едно лице со употреба на сила ја отворил влезната врата од нејзината куќа на ул.„Личка“ во Штип, влегол внатре, ја турнал, по што и одзел златен накит и побегнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.