Комисијата за здравство денес ќе одлучи дали угостителите ќе работат и по 22 часот – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 12:38 PM

Комисијата за здравство денес ќе одлучи дали угостителите ќе работат и по 22 часот

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска на седница треба да ги разгледа новите протоколи според кои, угостителските објекти ќе може да работат и по 22 часот. До Комисијата се доставени и други барања за измени во однос на угостителските објекти, меѓу кои и оној за седење максимум четири лица на маса ако се семејство. Сепак, како што напомена Бектеши, крајниот збор ќе ои има токму Комисијата и ќе се почитува нејзината одлука, односно препорака.

-Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести за работата на угостителите по 22 часот. Ние доставивме такво барање, ќе чекаме до новата седница на Владата кој е предлогот на Комсијата и ќе ги информираме засегнатите страни. Од наша страна е барано да се направат измени, но денеска Комисијата ќе го дискутира нашето барање. на крај, сепак, ќе ја почитуваме нејзината одлука и препорака. Побаравме измени и во делот – четворица гости од исто семејство, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања откако на прес-конференција се осврна на трите пакет-мерки за поддршка на економијата.