Во 104. година почина најстариот хрватски партизан, човекот кој ги „спои“ Тито и Јованка – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 12:06 PM

Во 104. година почина најстариот хрватски партизан, човекот кој ги „спои“ Тито и Јованка

Во 104. година од животот почина најстариот хрватски партизан, легендарниот Јурај Ѓука Хржењак. Се родил на 10 март 1917 година во работничко семјетво од Неговац кај Врбовец, во деновите на Првата светска војна. Неколку дена по падот на рускиот цар Николај Втори, кога му почнал вториот мандат на американскиот претседател Вилсон и при првиот неуспешен обид за пробој на Солунскиот фронт кај Битола, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

Секогаш со задоволство ја раскажуваше легендарната приказна за тоа како токму тој е „одговорен“ за бракот меѓу Јосип Броз и Јованка Будисављевиќ. Имено, зборуваше, во Лика, каде што тој бил во партизани, во Втората личка, имало „женска чета“ во која била и Јованка.

„Од Врховниот штаб побараа некоја писмена и паметна девојка за секретарка, па веднаш се сетив на згодната и паметната Јованка. Но, за она што подоцна се случи, јас не сносам одговорност“, секогаш со насмевка зборуваше за настанот Ѓука.

Бил задолжен и за префрлувањето на Владимир Назор, првиот хрватски претседател, во Топуско на заседанието на ЗАВНОХ.