Започна реконструкција на градскиот парк во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 11:56 AM

Започна реконструкција на градскиот парк во Кавадарци

Паркот во Кавадарци се реконструира. Ќе се обновува тревната површина на околу 5000 м2, ќе се засадат околу 1200 садници со 40 нови видови дрва и грмушки. Исто така со реконструкцијата ќе се постави дополнително осветлување и систем за наводнување.

„ Како дел од програмата за животна средина,  односно за нови хорти-културни површини беше влезен и градскиот парк за реконструкција,  односно обнова на некои стебла кои не се парковски видови. Ќе ги извадиме и на нивни места ќе посадиме декоративни стебла и грмушки. Станува збор за отстранувањее на багреми, диви ореви, и самоникнати дрвја,  а кои веќе се почнати да се сушат. Проектот е вреден 6,5 милиони денар. Во него е вклучена и една нова патека позади винската куќа,  која ќе излегува директно на костурницата. По оваа патека ќе можат да се движат и лица со посебни потреби, колички за деца. До сега немавме таква патека, сите беа со скали и немаше пристап за децата со посебни потреби“ изјави Доне Илов од секторот за животна средина при општина Кавадарци.


Тој најави изградба и на два нови видиковци со урбана опрема. Ќе бидат поставени на локација во паркот од каде ќе се гледа целиот град. Според планираното, реконструкцијата ќе трае околу три месеци.

Ангел Данов